ПРОТЕСТ НА НЕКОЛКУ АЛБАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА СЈО

    ПРОТЕСТ НА НЕКОЛКУ АЛБАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА СЈО

    Стотици граѓани денеска протестираа низ центарот на Скопје против опструкциите врз Специјалното јавно обвинителство и затворањето на Албанците по налог на актуелната власт, јавува МЕТА.

    Протестот што го организираа Движењето за реформи во ДПА, Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на ОНА и други граѓански организации, почна на Бит-пазар и заврши пред Собранието.

    Протестната поворка ја предводеше лидерот на Движењето за реформи во ДПА и градоначалник на Струга, Зијадин Села, а демонстрантите, носејќи големо албанско знаме, за време на маршот извикуваа „Али предавник“, „Кој не излезе, не е Албанец“, „УЧК“.

    Зијадин Села на граѓаните пред Собранието им рече дека тие се тука „за демократија, но не за бизнис-демократија“.

    „Ние сме тука затоа што Македонија е и на Албанците. Протестираме против монтираните случаи за Албанците. Ја поддржуваме работата на Специјалното јавно обвинителство. Бараме одговорност од сите што им наштетија на оваа држава и на овој народ“, Села.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари