ПРОТЕСТ ВО БИТОЛА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА САВЕСКИ ОД „ЛЕВИЦА“, СУДЕЊЕТО ВО СКОПЈЕ ОДЛОЖЕНО

a:1:{s:9:"td_source";s:58:"Битола,Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТ ВО БИТОЛА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА САВЕСКИ ОД „ЛЕВИЦА“, СУДЕЊЕТО ВО СКОПЈЕ ОДЛОЖЕНО

    Во Битола, родниот град на притворениот Здравко Савески од партијата „Левица“, се одржа собир пред Основниот суд за негово ослободување.

    Судот во Скопје го одложи денешното рочиште против членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело. Судењето е презакажано за 19 мај кога се очекува да биде изготвен вешт наод и мислење што го побарало Државното правобранителство како законски застапник на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Основното јавно обвинителство Скопје, исто како и за други двајца демонстранти, наведува дека сториле штета од 880 илјади денари.

    Здравко Савевски и Владимир Куновски од „Левица“ се во домашен притвор веќе 14 дена.

    Битолчни најавија дека секој ден во 10 часот ќе се собираат пред судот додека не бидат ослободени протворените.

    На собирот беше и семејството на Савески кое не сакаше да зборува јавно, но посочија дека тој од секогаш бил борец за правда и срамно е да биде притворен со денови, додека лица за поголеми кривични дела се аболицирани.

    Сепак, со оглед на тоа дека Савевски е битолчанец се очекуваше поголема масовност на собирот пред судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари