ПРОТЕСТ ВО СОФИЈА ЗА ПОДДРШКА НА НАТЕПАНИОТ СЕКРЕТАР НА БУГАРСКИОТ КЛУБ „БОРИС ТРЕТИ“

    ПРОТЕСТ ВО СОФИЈА ЗА ПОДДРШКА НА НАТЕПАНИОТ СЕКРЕТАР НА БУГАРСКИОТ КЛУБ „БОРИС ТРЕТИ“Од отворањето на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид на 7 октомври 2022. (Фото: СДК.МК)

    Пред зградата на Европската комисија во Софија денеска напладне ќе се одржи протест за поддршка на натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, именуван по фашистичкиот окупатор на Македонија во Втората светска војна.

    22-годишниот Х.П., кој завчера беше нападнат од три лица во угостителски објект на кејот во Охрид, вчера со бугарски владин авион беше пренесен на лекување во болница во Софија. Како што објавија бугарските медиуми, неговите повреди не се животозагрозувачки.

    Според повикот за протестот на социјалните мрежи, организаторите бараат од реакција од бугарските институции „да ги осигураат правата на Бугарите во Северна Македонија“. Истото го бараат и од европските институции.

    Синоќа, на софискиот аеродром, секретарот на бугарскиот клуб беше пречекан од бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, кој кажа дека Бугарија ќе даде зелено светло за македонските евроинтеграции кога Македонија ќе го промени однесувањето.

    „Во моментов тоа очигледно не е можно, имам чувство дека работите ќе ескалираат и покрај напорите што се прават да се смири ситуацијата. Ова не е само бугарската позиција, туку и европската“, кажа Милков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира