ПРОТЕСТАНТИТЕ И КОНТРАПРОТЕСТАНТИТЕ СЕ СРЕТНАА НА ПАРТИЗАНСКА, ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТАНТИТЕ И КОНТРАПРОТЕСТАНТИТЕ СЕ СРЕТНАА НА ПАРТИЗАНСКА, ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТ

    Антивладините демонстрани тргнаа кон Владата. На булеварот Партизански одреди беа накратко сопрени од полицијата оти кон нив се движеше група контрапротестанти што беа тргнале кон Собранието на протестот организиран од ГДОМ.

    Во тој момент дојде засислување од полицијата со нови борни возила и не дојде до близок контакт меѓу двете групи демонстранти.

    Автобусите на ГДОМ се паркирани се паркирани насекаде низ Скопје

    Автобусите на ГДОМ се паркирани се паркирани насекаде низ Скопје (аматерска фотографија)

    Пред тоа демонстрантите протестираа пред ЕУ Инфо центарот и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон за да тргнат кон резиденцијата на Претседателот на Водно. Откако една група демонстранти ги притисна, полицајците се збија, направија четири кордона и го одбија налетот.

    Пред седиштето на ЕУ на булеварот Св. Климент Охридски се пее „Во борба македонски народе“. Демонстрантите стојат пред полицијата и сканидраат „пуштете го народот“. ЕУ Инфо центарот е последната точка до која успеаја да се стигнат антвладините демонстранти кои се опколени со полиција, а во близина се гледаат и водените топови.

    Антивладините демонстранти што се собраа пред седиштето на СЈО беа блокирани. Не можеа да тргнат кон Собранието оти таму е протестот организиран од ГДОМ за поддршка на Владата. Преку булеварот Св. Климент Охридски тие стигнаа седиштео на ЕУ Инфо центарот.

    Тие протестираат против аболицијата од Претседателот Ѓорѓе Иванов и за одложување на изборите на 5 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари