ПРОТЕСТОТ НА ГДОМ СО ПАТРИОТСКИ ПЕСНИ И АНТИ ЕУ ПОРАКИ

    ПРОТЕСТОТ НА ГДОМ СО ПАТРИОТСКИ ПЕСНИ И АНТИ ЕУ ПОРАКИ

    Крај на деструктивното сценарио, стоп за хулиганството и уништувањето на спомениците и избри на петти јуни беа главните пораки кои ги упатија демнострантите пред Собранието. Тие ставија лепенки на Порта Македонија на кои пишува „Народот е силата“, „Стоп на хулиганството“ и „Избори 5 јуни 2016“.

    Протестот заврши исто како што почана – со македонски патриотски песни. Беше организиран од ГДОМ, а спроти Собранието беше поставена и бина од која на демонстрантите прв им се обрати актерот Тони Михајловски.

    контранато

    фото:новатв.мк

    „Никој ништо не ти може Никола“ извикуваа насобраните луѓе.

    ГДОМ протестира против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на Зоран Заев и на Зоран Верушевски и за поддршка на изборите на петти јуни.

    Демострантите се дојдени организирано од сите делови на Македонија, па улиците на главниот град околу центарот се претворени во паркинг за автобуси.

    На оградата поставена кон Паркот на жената борец се испишани пароли со анти НАТО и анти ЕУ содржини.

    Фото новатв.мк

    Фото новатв.мк

    Демнострантите кои се против избори на петти јуни и бараат оставка од Ѓорѓе Иванов се уште се кај седиштето на ЕУ обиколени со полиција и водени топови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира