Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистен случајот од 30 јуни, кога во парк во Општина Аеродром беше физички нападнато 12-годишно девојче, додека присутни малолетници го снимаа настанот со мобилни телефони.
Од полицијата до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за Насилство, а кривични пријави добија и двајца малолетници за Поттикнување и неовластено снимање, како и петмина родители за Запуштање и малтретирање на дете.
Од МВР велат и дека полициските службеници од Аеродром, Драчево и Кисела Вода ги презеле сите дејствија за документирање на овој случај.



