ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ САМОСТОЕН ТРАНСПЛАНТАЦИСКИ ХИРУРГ, АКАДЕМИК ЖИВКО ПОПОВ, Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

    ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ САМОСТОЕН ТРАНСПЛАНТАЦИСКИ ХИРУРГ, АКАДЕМИК ЖИВКО ПОПОВ, Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУАкадемик Попов е лидер во воведувањето на повеќе тешки хируршки процедури во онколошката урологија, вели МАНУ. (Фото: МАНУ)

    Академик Живко Попов, првиот македонски самостоен трансплантациски хирург, е нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), објави највисоката научна институција во земјава, по својата денешната седница на Собранието. Академик Попов доаѓа на местото на академик Љупчо Коцарев. За потпретседатели се избрани академиците Алајдин Абази и Витомир Митевски.

    Акадeмик Попов е основопложник и раководител на Центарот за трансплантација на бубрези при Клиниката за урологија, Медицински факултет, УКИМ, Скопје (1996-2012). Раководител е на Одделот за уролошка хирургија при Специјалната Болница за хируршки болести „Филип Втори”- Скопје (2012-2014; 2016- денес), Општа Болница Ремедика- Скопје (2014-2016).

    „Академик Живко Попов е првиот самостоен македонски трансплантациски хирург, комплетно едуциран и подготвен да ја спроведе оваа комплицирана хируршка методологија во пресадувањето и во решавањето на сите хируршки компликации. Со вкупно направени под негово раководство преку 260 пресадувања на бубрези (кадаверични и од жив дарител), главно во периодот од формирањето на Хируршкиот центар за трансплантација во 1996 год. па сé до 2012 година. Академик Попов со својот трансплантациски хируршки тим, нашата држава ја вброи во оние каде оваа дисциплина постои и се извршува на европско ниво“, вели МАНУ.

    Академик Попов е роден на 23 јуни 1950 во Кавадарци. Основно училиште и гимназија завршил во Битола, а Медицински факултет во Скопје во 1976 . На Клиниките за хируршки болести при Медицинскиот факултет во Скопје се вработил во 1977 . Универзитетската наобразба ја започнува како специјалист хирург-уролог во 1983  кога ја завршил четиригодишната специјализација по урологија на Медицинскиот факултет во Скопје, хирург-трансплантолог е од 1986  кога завршил и специјализација по трансплантациона хирургија во Универзитетско-клиничкиот центар Хенри Мондор, 12. Париски Универзитет, Франција.

    Болничките наименувања ги започнал како шеф на отсекот за ендоскопија при Клиниката за урологија, Медицински факултет Скопје (1984–1991). Од 1992 до 1995 бил шеф на Одделението по општа урологија, а од 1995 до 1999  бил назначен за шеф на Одделот по уролошка онкологија. За директор на Клиниката за урологија бил избран во три мандата (1995–1997; 1999–2002; 2006-2012). Во 1996 бил назначен за модератор на Хируршките клиники при Клиничкиот центар Скопје, а нивни координативен директор бил во периодот од 1999 до 2002.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира