ПРВО ЌЕ ГО ПОРАЗАМ ЦЕЛ КОРУМПИРАН СИСТЕМ, ПА ПОСЛЕ НА ИЗБОРИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ КАЖАТ ДАЛИ ТРЕБА ДА ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

    ПРВО ЌЕ ГО ПОРАЗАМ ЦЕЛ КОРУМПИРАН СИСТЕМ, ПА ПОСЛЕ НА ИЗБОРИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ КАЖАТ ДАЛИ ТРЕБА ДА ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИВо чело го удривме системот, ќе бидете тука ќе видите. Ќе закопаме секаде, нема да биде никој спасен ниту амнестиран“, одговори Мицкоски на прашање зошто досега немале акции низ угостителските објекти. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема да поднесе оставка од функцијата после трагедијата во Кочани каде ноќеска загинаа 59 лица во пожар во дискотека. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека прво ќе го порази цел корумпиран систем во државава, па после на избори граѓаните ќе кажат дали треба да си замине од функцијата.

    „Ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, за тоа што се случи со модуларната болница во Тетово и сите други случаи. Потоа ќе излеземе на избори и граѓаните ќе одлучат. Осум месеци работам онолку колку можам да го поразам овој корумпиран систем. Ако само јас треба да чувствувам морална одговорност, еве ќе ја прифатам, но прво ќе го поразам овој систем па после судот на јавноста ќе каже кој треба да понесе одговорност“, рече Мицкоски.

    Тој рече дека сега засега не се планира воведување вонредна состојба во државата и не планираат да вклучат меѓународни експерти во истрагата за несреќата во Кочани.

    Најави од утре робусна акција на сите локали и издадени градежни дозволи и рече дека никој нема да биде поштеден и ќе има стотици казнети. Прашан зошто досега немале ваква акција кога 9 месеци се на власт, Мицкоски кажа дека имале акции против други криминалци во државата.

    „Имавме акција против криминалците кои нè труеја сите и продаваат мазут, имавме робусна акција против организаторите на игри на среќа кои се богатеа со милиони на грбот на граѓаните, се пресметувавме со таканаречената енергетска мафија која ги празнеше државните ресурси. Во чело го удривме системот, ќе бидете тука ќе видите. Ќе закопаме секаде, нема да биде никој спасен ниту амнестиран“, одговори Мицкоски.

    Во трагедијата во дискотеката во Кочани, според досегашните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Дискотеката работела без лиценца односно имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 од Министерството за економија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира