ПРВОТО УНАПРЕДУВАЊЕ ВО МВР ГО ДОБИВ ОД ЈОРДАН МИЈАЛКОВ, А САШО МИЈАЛКОВ МЕ ДЕГРАДИРАШЕ НА ПОЗИЦИЈА ПОЧЕТНИК, СВЕДОЧИ СВИРКАЧОТ ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    ПРВОТО УНАПРЕДУВАЊЕ ВО МВР ГО ДОБИВ ОД ЈОРДАН МИЈАЛКОВ, А САШО МИЈАЛКОВ МЕ ДЕГРАДИРАШЕ НА ПОЗИЦИЈА ПОЧЕТНИК, СВЕДОЧИ СВИРКАЧОТ ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕОбвинетиот Сашо Мијалков утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за судењето за масовното прислушување. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ѓорѓи Лазаревски, свиркачот од Петтата управа во МВР, кој помогна да се изнесат дисковите со илјадници нелегално прислушувани разговори е првиот сведок на СЈО на судењето за масовното прислушување „Тврдина-Таргет“ кое по година и пол растегнување, конечно почна во Кривичниот суд.

    „Првото унапредување во мојата кариера во МВР го добив од покојниот министер Јордан Мијалков. А првото деградирање на место почетник во УБК, од тука присутниот обвинет ексдиректор Сашо Мијалков“, почна да одговара на прашања на обвинителството Ѓорѓи Лазаревски.

    „Вие сте нашиот најважен сведок и затоа со вас ја почнуваме листата на сведоци во овој судски процес“, му кажа на почетокот обвинителот Трајче Пеливанов на Лазаревски.

    Обвинетите во случајот „Тврдина-Таргет“ на СЈО Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски, тогашен началник на Петтата управа на МВР и Надица Николиќ од УБК формирале злосторничко здружување, кое со друго злосторничко здружување од обвинетите Силвана Златкова, Владимир Варелов, Васил Исакоски и Марјан Шумуликоски, сите од УБК, со злоупотреба на службената положба и овластувањата нелегално прислушувале над 4.819 корисници на телефонски разговори. Обвинети за злоупотреба се и ексминистерката Гордана Јанкулоска и Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков, по чија наредба биле уништени системите за следење на комуникациите на МВР, но и опремата на телефонските оператори, со што ја оштетиле државата со 1.418.879 евра.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира