„ПУЧ“ СЕ УШТЕ ЗАКОПАН ВО МЕСТО ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЕРТИФИКАТИ НА ДВЕТЕ ПОРОТНИЧКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    „ПУЧ“ СЕ УШТЕ ЗАКОПАН ВО МЕСТО ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЕРТИФИКАТИ НА ДВЕТЕ ПОРОТНИЧКИ

    И по два и пол месеци, двете нови судијки поротнички во случајот „Пуч“ се уште немаат добиено безбедносни сертификати, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд. Судијката Љубинка Башевска, која го одложи овој судски процес на неодредено време, каде застапник на обвинението е Специјалната обвинителка Катица Јанева, се уште не го закажала продолжението.

    Меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња и Бранко Палифров од Струмица. Единствен сведок на СЈО е експремиерот, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за нова влада Никола Груевски. Јанева и одбраната на обвинетите не добија одговор од Башевска сошто не е поканет и зошто никогаш на закажаните рочишта единствениот сведок не доаѓаше.

    На последното рочиште, кое се одржа на 1 ноември минатата година, судијката Љубинка Башеска соопшти дека во судечкиот совет се назначуваат две нови судијки поротнички кои немаат безбедносен сертификат и дека по ургенција на судот е почната постапка за издавање на сертификатите. Башеска рече дека не може да се знае до кога ќе трае процедурата за издавање на сертификатите и поради тоа го одложи судењето на неодредено време, а датумот кога тоа ќе се одржи рече дека ќе биде дополнително објавен.

    Ова беше и причина за жестока кавга меѓу Башеска и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која го обвини судот дека не смее да го одложува судењето на неодредено време, бидејќи токму овој процес треба да покаже кој и зошто прислушувал во Македонија. Безбедносни сертификати издава Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира