Попладнево е пукано во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, при што се повредени две лица. Во моментов, полициски екипи се на лице место и вршат увид.
„Денеска од трговскиот центар ‘Ист гејт’ во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Во „Ист гејт“ кон едно лице се пукаше и кон крајот на август. Како што неофицијално дознаваме, станува збор за истото лице.