РАБОТИМЕ ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ СО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА, ВЕЛИ ЕСКОБАР ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА 16-ТЕ ПРЕСУДИ НА СУДОТ ВО СТРАЗБУР

    РАБОТИМЕ ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ СО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА, ВЕЛИ ЕСКОБАР ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА 16-ТЕ ПРЕСУДИ НА СУДОТ ВО СТРАЗБУРЗаменик помошникот на Државниот секретар на САД во бирото за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар на виртуелното сослушување во Претставничкиот дом. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Габриел Ескобар, заменик помошникот на Државниот секретар на САД, кажа дека американската амбасадорка во Софија работи на решавање на прашањата со прекршување на човековите права, одговарајќи на прашање за проблемите на македонското малцинство во Бугарија.

    На сослушувањето за ангажманот на САД на Западен Балкан на поткомитетот за надворешни работи за Европа во Претставничкиот дом, конгресменката Клаудија Тени кажа дека Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување човековите права и правото на здружување на македонското малцинство и го праша Ескобар што прави американската влада да осигура дека Бугарија ги исполнува своите обврски како членка на НАТО, во врска со овие прекршувања на човекови права.

    „Нашата амбасадорка во Софија, заедно со нејзините европски партнери, работи на терен да осигура дека овие проблеми ќе бидат адресирани. Нашето партнерство со европските партнери е засновано на вредности, не само на заедничкиот интерес, туку и на споделените вредности и сè што ја нарушува таа врска е причина за голема загриженост за нас“, одговори Ескобар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира