РАБОТНИЦИТЕ НА „ЈУГОХРОМ“ ПОБАРАА ОТВОРАЊЕ НА ФАБРИКАТА НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    РАБОТНИЦИТЕ НА „ЈУГОХРОМ“ ПОБАРАА ОТВОРАЊЕ НА ФАБРИКАТА НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ

    Вработените во комбинатот „Југохром“ денеска точно напладне излегоа на протест во Скопје и еден час ја блокираа крстосницата пред Судска палата. Тие бараат да се вратат на своите работните места, јави агенцијата „Мета“.

    Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес.

    По протестот пред Судска палата, вработените од „Југохром“ заминаа во Инспекторатот на Министерството за животна средина за да достават протестно писмо. Тие бараат да се повлече мерката за забрана за работа на комбинатот, од каде егзистенција обезбедуваат неколку илјади жители на Јегуновце и на регионот.

    „Југохром“ по барање на Државниот инспекторат за животна средина не работи од почетокот на месецот, кога беа исклучени печките, бидејќи сè уште не се поставени филтрите за отпрашување.

    Иако печките се исклучени, вработените велат дека мерните станици во Тетово бележат висока концентрација на штетни честички во воздухот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира