РАДАРИТЕ НА КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ СЛИКА МИНАТИОТ СЕПТЕМВРИ

    РАДАРИТЕ НА КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ СЛИКА МИНАТИОТ СЕПТЕМВРИЛетот на специјален авион за калибрирање на инструментите на Контрола на летање на Скопскиот аеродром. (Фото: СДК.МК)

    Радарите на Контрола на летање останале без слика ноќта меѓу 19 и 20 септември минатата година, објави „Дојче Веле“. Според М-НАВ тоа траело „половина час“, а според други извори на „Дојче Веле“ „неколку часа“.

    Инцидентот за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврдија владини извори, кои не се овластени да даваат изјави поради чувствителноста на темата, и тие велат дека случајот го испитувале надлежните органи кои потоа излегле со препораки на затворена владина седница минатиот вторник.

    За инцидентот биле известени Центарот за проток на сообраќај во Брисел, Агенцијата за воздухопловство и Комитетот за сериозни инциденти и несреќи.

    За денеска напладне е закажана прес-конференција на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски за набавката на систем за следење на воздушниот сообраќај за потребите на М-НАВ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира