РАДЕВ БАРА МАКЕДОНЦИТЕ СО БУГАРСКИ ПАСОШ ДА БИДАТ ПИШАНИ КАКО БУГАРИ НА ПОПИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

    РАДЕВ БАРА МАКЕДОНЦИТЕ СО БУГАРСКИ ПАСОШ ДА БИДАТ ПИШАНИ КАКО БУГАРИ НА ПОПИСОТ ВО МАКЕДОНИЈАБугарскиот претседател Румен Радев со македонскиот колега Стево Пендаровски пред заминувањето за Рим на заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј во Ватикан. (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот претседател Румен Радев побара Македонците со бугарски пасош да бидат пишани како Бугари на неодамна завршениот попис во Македонија, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

    Радев вели дека тие сами своеволно се пишале Бугари и носеле документи да докажат дека имаат бугарско потекло за да добијат бугарски пасош

    „Повеќе од 120.000 граѓани на Република Северна Македонија се и граѓани на Република Бугарија, врз основа на нивнa изрично изразена волја и на претставени објективни документи за потекло. Други десетици илјади го чекаат својот бугарски пасош и очекуваме таа реалност да биде отсликана и при пребројувањето на населението во Република Северна Македонија“, изјави Радев за бугарските новинари, по средбите со лидерите на ЕУ во Брдо.

    Бугарскиот претседател тврди дека потиснувањето на правата на бугарските граѓани во Македонија е предизвик за самата Европска унија, затоа што тие се и европски граѓани и поради тоа, тој повика на европска солидарност со Бугарија.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира