РАДЕВ ДА СИ СЕ ЗАНИМАВА СО РЕФОРМИТЕ ВО БУГАРИЈА, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

    РАДЕВ ДА СИ СЕ ЗАНИМАВА СО РЕФОРМИТЕ ВО БУГАРИЈА, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИКовачевски и Радев на средба во Софија во јануари минатата година. (Фото: Влада)

    Премиерот Димитар Ковачевски вели дека бугарскиот претседател Румен Радев треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Радев дека Македонија лобира кај членки на ЕУ за да го прикрие недостигот на реформи.

    „Ние сме држава која 100 проценти ја има усогласено својата надворешна политика со ЕУ, земја која рамноправно со другите држави носи одлуки во НАТО, вклучително и заедно со Бугарија. Ние, точно, секоја година имаме европски извештаи за напредокот на реформите, сметам дека претседателот на соседна држава треба да се занимава со реформите во неговата држава повеќе“, кажа истакна Ковачевски по обраќањето на 70-годишниот јубилеј на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.

    Радев претходно денеска пред бугарските новинари кажа дека Македонија „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“.

    „Скопје треба да си ја научи лекцијата за ЕУ. Гледам дека пак се враќаат на истиот пат пред преговарачката рамка, да лобираат кај членките на ЕУ, пред европските институции, со тоа да ги покријат недостигот на реформи, непочитувањата на човечките права и неподготвеноста за почеток на преговори. Тоа не е вистинскиот пат“, рече Радев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира