РАКОТ ГО ОДЗЕМА ОПТИМИЗМОТ И САМОДОВЕРБАТА, БИДЕТЕ ТУКА ЗА ЛУЃЕТО ШТО СТРАДААТ, РЕЧЕ СОПРУГАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР КЕЈПИ БЕЈЛИ НА ДЕНЕШНАТА РОЗОВА ПРОШЕТКА

    РАКОТ ГО ОДЗЕМА ОПТИМИЗМОТ И САМОДОВЕРБАТА, БИДЕТЕ ТУКА ЗА ЛУЃЕТО ШТО СТРАДААТ, РЕЧЕ СОПРУГАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР КЕЈПИ БЕЈЛИ НА ДЕНЕШНАТА РОЗОВА ПРОШЕТКА„Ракот го одзема оптимизмот, самодовребата, чини пари. Чест ми е да бидам тука и прво што треба да направите е да се грижите за себе. Јадете здраво, вежбајте, дружете се со пријатели и што е најважно престанете да пушите. Маж ми успеа да се откаже од пушењето“, рече Кејпи Бејли, сопруга на американскиот амбасадор Џес Бејли (Фото:К.Попов)

    Жени и мажи кои се избориле или се борат со ракот на дојка, нивни пријатели и поддржувачи денес во Градскиот парк во Скопје учествуваа во розевата прошетка, која традиционално по 10-пат ја организира здружението „Борка-за секој нов ден“, со поддршка на Амбасадата на САД.

    „Ракот го одзема оптимизмот, самодовребата, чини пари… Чест ми е да бидам тука и прво што треба да направите е да се грижите за себе. Јадете здраво, вежбајте, дружете се со пријатели и што е најважно престанете да пушите. Mаж ми успеа да ги остави цигарите. Ве охрабрувам да бидете поддршка некому што минува низ ова. Пуштете им музика, поделете оброк со нив, бидете тука за нив. Најдете си група пред која нема да се срамите да зборувате за својот проблем“, рече Кејпи Бејли, сопруга на американскиот амбасадор Џес Бејли, пред стартот на денешната розова прошетка, која е дел од кампањата за борба против ракот „Напред розово-2018 година-чекори против ракот на дојка“.

    Во рамки на манифестацијата и годинава се продаваа розеви производи, а средствата ќе се искористат за обезбедување на психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, обезбедување на перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на клиниките за онкологија и торакална хирургија од волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС линија за помош и поддршка.

    Според последните податоци, во Македонија годишно се откриваат 1.200 нови случаи на рак на дојка, кое е и најчесто малигно заболување кај жените. Смртноста од оваа болест во земјава е висока, и според Биба Додева, претседателката на „Борка“,  навременото откривање на ракот е клучно во лекување на болеста.

    „На овој ден е важно да се даде поддршка на оние што се избориле со болеста, но секако е важно да се даде поддршка на оние што во моментов ја минуваат болеста, но и да ја подигнеме свеста на сите жени кои не направиле преглед да го направат за да превенираме болест. Само со подигање на јавната свест може да ја спречиме појава на болеста“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која исто така беше дел од розевата прошетка.

    Американскиот амбасадор Џес Бејли кажа дека сите сме погодени од ракот на дојката и дека сите може да помогнеме во подигање на свеста и превенцијата.

    „Станува збор за сериозно малигно заболување од кое страдаат многу жени, како во Македонија така и во светот. Многу е значајна раната детекција и скринингот, кои овозможуваат целосно повлекување болеста. Затоа во Министерството за здравство работиме на превентивната програма, на подобрување на системот за закажување на снимањето на овие пациенти, и напорно работиме на формирање на комисијата за позитивната листа за да се донесат нови лекови“, рече минисетрот за здравство Венко Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира