РАМИЗ МЕРКО ОБВИНЕТ ДЕКА НЕЗАКОНСКИ ДАЛ ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА НА КАТ СО СПА ЦЕНТАР И ХОТЕЛСКИ АПАРТМАНИ ОД 720 ИЛЈАДИ ЕВРА КАЈ БАЗЕНОТ НА ХОТЕЛОТ „ДРИМ“, ОБВИНЕТИ СЕ И ГРАДЕЖНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ДАВАЊЕ ЛАЖЕН ИСКАЗ

    РАМИЗ МЕРКО ОБВИНЕТ ДЕКА НЕЗАКОНСКИ ДАЛ ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА НА КАТ СО СПА ЦЕНТАР И ХОТЕЛСКИ АПАРТМАНИ ОД 720 ИЛЈАДИ ЕВРА КАЈ БАЗЕНОТ НА ХОТЕЛОТ „ДРИМ“, ОБВИНЕТИ СЕ И ГРАДЕЖНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ДАВАЊЕ ЛАЖЕН ИСКАЗСтрушкиот градоначалник Рамиз Мерко на судење за незаконско поставување на директори во основни училишта. (Фото:СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и уште 10 физички и едно правно лице, во врска со бесправно градење на објект кај базенот на хотелот “Дрим”.

    Фирмата и нејзиниот управител во мај 2019 година поднеле барање за целосна реконструкција на постојниот базен на хотелот врз основа на основен проект изготвен во 2016 година.

    Градоначалникот на Општина Струга (третообвинет во предметот), место да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, по два месеца донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да стане сопственик на  дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м2 и проценета вредност од 782.000 евра.

    Со ова Мерко ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист. Обвинет е за злоупотреба на функцијата.

    „Четвртиот и петтиот обвинет се исто така службени лица – референт и раководител од Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Струга, кои го изготвиле и одобриле одобрението за градба. Со тоа тие несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности“, вели Обвинителството.

    Врз основа на вака незаконски издадено одобрение, инвеститорот – обвинетото правно лице и управителот започнале градба на објектот и наместо одобрениот кат – отворена галерија со тераса, извеле целосно затворен кат со хотелски апартмани и спа-центар и уште една надградба – кат со затворен ресторански дел и помошни простории, како и дополнително изградена спојница – депанданс со стариот дел на хотелот „Дрим“.

    Вкупната површина на вака бесправно изградениот објект спротивен на одобрението за градење изнесува 1.630 м2.

    Останатите седум обвинети во предметот се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои давале лажни наоди и мислења во кривичната постапка за бесправно градење.

    „ОЈО Струга, наредило три вештачења – во 2021, 2022 и во 2023 година од различни стручни лица од наведените области, кои во наодите тврделе дека бесправно изградениот објект според своите габарити, внатрешна површина и висина, одговара на техничката документација од основниот проект. Тие не навеле дополнителни забелешки за реалната состојба на лице место, а сите отстапувања ги констатирале како законски уредени измени при градење“, потенцира Обвинителството каде овие вешти лица го направиле својот дел од криминалот во овој коруптивен случај.

    Првообвинетото правно лице и управителот се обвинети за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а.

    Градоначалникот Рамиз Мерко е обвинет за – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353.

    Двајцата други службеници во Општината како соизвршители се обвинети за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в.

    Вештаците се обвинети за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 од Кривичниот законик.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира