РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА, ПО 15 ГОДИНИ РАКОВОДЕЊЕ ОД МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ

    РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА, ПО 15 ГОДИНИ РАКОВОДЕЊЕ ОД МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИАктуелен директор на МРТ е Марјан Цветковски кој на оваа функција е 15 години, односно од 2012. (Фото: СДК.МК)

    Распишан е конкурс за избор на директор и земеник-директор на Македонската радио телевизија (МРТ). Огласот е објавен вчера на веб-страната на МТВ. Според условите и постапката утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Статутот на МРТ, директорот и заменик-директорот се избираат за период од три години со можност за повторен последователен избор.

    „Кандидатите кои ќе се пријават треба да имаат високо образование, да поднесат програма за работа на МРТ за период од три години. Треба да имаат работно искуство од најмалку осум години во областа на комуникологијата, новинарството, информатиката, културата, економијата или правото и искуство со раководење организација од најмалку четири години“, се вели во конкурсот.

    Конкурсот трае 15 дена.

    Актуелен директор на МРТ е Марјан Цветковски, кој на оваа функција е 15 години односно од 2012. Белег на неговото раководење беше тоа што во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски јавниот сервис не ги емитуваше таканаречените бомби од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата во 2015, иако лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов тогаш им достави цедеа со овие записи. Цветковски изјави дека „уредувачката политика на телевизијата не може да се управува според барањата на седумдесетина граѓани, кои имаат свои цели“. На новинарско прашање за содржината на 24. бомба, во која се слуша како врвот на ВМРО-ДПМНЕ решава кој ќе се вработи во МРТ, Цветковски тврдеше дека функционери од тогашната владејачката партија од него никогаш не побарале прилог по нарачка.

    По неговиот реизбор за директор по трет пат во 2018, реагираа од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) велејќи дека реизборот на Цветковски не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис и неговото ослободување од политичка контрола. Од ЗНМ тогаш рекоа  дека „изборот на Цветковски е резултат на силниот притисок што врз членовите на Програмскиот совет го правеа опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владината ДУИ“.

    Владата на СДСМ откако дојде на власт него смени Цветковски од директорката функција.

    „Овој избор ќе важи сè додека не го усвоиме новиот Закон. Тоа ќе се случи наскоро, со што Владата ќе ја прекине досегашната практика на нетранспарентност и ќе овозможи целосна професионализација и департизација на МРТ и на Агенцијата за аудиовизуелни дејности“, кажа тогашниот портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

    Управата за финансиска полиција во јуни 2019 му поднесе кривична пријава на директорот Цветковски поради злоупотреба на службената должност со што ѝ нанел штета 154 милиони денари или над 2 милиони евра на државата. Како што кажаа тогаш од Финансиска полиција, Цветковски во 2015, кога земал кредит од домашна комерцијална банка, го заложил имотот на МРТ без согласност од Собранието кое е негов основач. Цветковски побарал кредит од 140 милиони денари, а заложил имот на МРТ од 294 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира