РАСПИШАН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА 100 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, ЌЕ ЧИНАТ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    РАСПИШАН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА 100 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, ЌЕ ЧИНАТ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРАЗа возилата е предвидена надградена медицинска опрема. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство го објави тендерот за набавка за 100 амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Проценетата вредност на набавката е 461.250.000 денари или 7,5 милиони евра. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.

    „Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата, обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини“, вели министерот за здравство Азир Алиу.

    Оваа инвестиција е во рамките на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност на здравствениот систем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира