РАТИФИКАЦИЈАТА НА ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ ЗА НАТО СТИГНА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ, УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСА

    РАТИФИКАЦИЈАТА НА ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ ЗА НАТО СТИГНА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ, УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСАПретставниците на 29-те земји членки на НАТО вчера го потпишаа пристапниот протокол во седиштето на НАТО во Брисел. (Фото: принтскрин/Фејсбук)

    Грчкото министерство за надворешни работи го достави до парламентот предлог-законот за ратификација на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО под името Република Северна Македонија.

    Денеска, со почеток од 14 часот по локално време, ќе почне расправата во парламентарната комисија за одбрана и надворешни работи и се очекува утре да биде гласањето на пленарна седница.

    Претставниците на 29-те земји членки на НАТО вчера го потпишаа пристапниот протокол во седиштето на НАТО во Брисел. На ред е ратификацијата во парламентите на сите земји членки, процес што вообичаено трае околу една година, по што Македонија и официјално ќе стане 30. членка на НАТО.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари