РАЗРЕШЕН ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВРХОВНИОТ СУД

    РАЗРЕШЕН ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВРХОВНИОТ СУДПредлогот за разрешување на врховните судии беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода. - Разрешениот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. По две години неуспешни обиди да се најде мнозинство за негово разрешување, денеска Советот го разреши и од претседател и од функцијата судија.

    Покрај Вангеловски, разрешена е и судијката од Врховниот суд Рахилка Стојковска, како и уште еден судија, чиј идентитет и од кој суд е засега се непознати.  Разрешени се со 8 гласа „за“.

    Предлогот за разрешување на врховните судии беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода. Со три гласа „за“, пред 2 години Вангеловски и двајцата судии го ослободија избеганиот Кочан од притвор.

    Сите се разрешени за несовесно вршење на функцијата. На општа седница, без изгласана одлука со мнозинство дека Државниот јавен обвинител (тогаш Марко Зврлевски) може да се меша во предметите на СЈО, Јово Вангеловски прими Барање за заштита на законитоста (БЗЗ) од Ацо Колевски и со тоа БЗЗ го спаси Кочан од притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари