РАЗРЕШЕНА СУДИЈКА ОД ВЕЛЕС, СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ПРОДОЛЖУВА ПОСТАПКАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ВРХОВЕН СУДИЈА

    РАЗРЕШЕНА СУДИЈКА ОД ВЕЛЕС, СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ПРОДОЛЖУВА ПОСТАПКАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ВРХОВЕН СУДИЈАНеофицијално, поради поведената постапка за разрешување на врховниот судија Наќе Георгиев, поранешен висок функционер му се заканил на целиот Судски совет. (Фото: СДК.МК)

    За сторена крупна професионална грешка, Судскиот совет на затворена седница денеска ја разрешил од функцијата судијката од Основниот суд Велес Наташа Мишева. Судскиот совет не потврдува имиња, потсетува дека постапката е тајна, а судиите за кои се изгласуваат дисциплински и мерки за разрешување, имаат право на жалба на начинот на кој била водена постапката. Ќе кажеле имиња кога одлуката ќе биде правосилна.

    Неофицијално, Судскиот совет требало да расправа и за одговорност на апелациониот судија Иљаз Исмаили од Гостивар. Но, за него Советот ќе се изјасни на наредните седници. Извештајот од комисијата не бил целосен, предметот за Исмаили бил вратен на доработка.

    Но, бурата од незадоволство на дел од членовите на Советот по истава оваа точка, била во петокот, кога за врховниот судија Наќе Георгиев од Струмица, мнозинството гласало да му биде продолжена постапката и неговиот предмет да оди на седница за разрешување. Неофицијално, поради неговата постапка за разрешување, поранешен висок функционер му се заканил на целиот Судски совет.

    Советот изгласал да се прекине постапката за претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и да се отфрли како неоснована.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира