РЕЧИСИ ТРИ НЕДЕЛИ НЕМА ИНСУЛИН ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ

    РЕЧИСИ ТРИ НЕДЕЛИ НЕМА ИНСУЛИН ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕВо Инсулинската аптека во скопската поликлина „Идадија“ цела недела нема терапија. (Фото: СДК.МК)

    Речиси три недели нема некои видови инсулин кои ги користат повеќето од над 45.000 дијабетичари со оваа терапија во земјава, а тие не ни знаат кога ќе добијат. Во земјава вкупно иман над 120.000 дијабетиари.

    Во нашата редакција се јави возрасна граѓанка, на која цела недела во Инсулинската аптека во скопската поликлика „Букурешт“ ѝ велат дека нема и не знаат кога ќе има. Други реагираат дека инсулин нема речиси три недели.

    „Секој ден, од понеделникот, како што ми рекоа, се јавувам точно во 12 часот да прашам дали стигнал инсулинот ‘новамикс’. Денес веќе дојде петок, и медицинската сестра ми рече дека нема, и се надева оти во понеделник ќе има“, вели нашата соговорничка.

    Кога и ние се јавивме во Инсулинската аптека, ни рекоа: „Божем, од понеделник ќе има, така ни рекоа, па јавете се пак“.

    Директорот на Здравствен дом Скопје д-р Виктор Исјановски ни рече таа информација да ја провериме со Министерството за здравство. По две недели, нов министер за здравство од средата е Фатмир Меџити.

    Од Министерството велат дека „Станува збор за еден тип инсулин, од кој неодамна се потрошени количините, за него има аналог на таа генерика, така што пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени. Веќе е распишан јавниот повик за обезбедување нови количини инсулинска терапија и тој е во финална фаза“.

    Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, на нивната фејсбук страна објавил: „Ве известуваме дека за инсулините кои недостасуваа, од 03 март 2023 година (петок) отпочнува со нивна дистрибуција од Скопје до секоја инсулинска аптека! Нашите очекувања, се најдоцна до вторник 07.03.2023 година да бидат целосно дистрибуирани“.

    Неофицијално, станува збор за дупка меѓу два тендера. Некои количини се потрошиле пред планираното, некои останале, па на дијабетичарите им се нудат замени. Ендокринолозите пак реагираат дека тоа не е „плукни-залепи“ и дека треба многу да се внимава за организамот да се навикне на одредена терапија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира