РЕФОРМАТОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОКАНИЈА ГРУЕВСКИ НА НИВНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ДА ГИ КОМЕНТИРА РЕЗУЛТАТИТЕ

    РЕФОРМАТОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОКАНИЈА ГРУЕВСКИ НА НИВНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ДА ГИ КОМЕНТИРА РЕЗУЛТАТИТЕЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со сопругата Боркица денеска на гласање во скопска Кисела Вода (Фото: МИА)

    Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ најави прес-конференција вечерва во 23 часот, на кој што е поканет поканет и Никола Груевски, како член на ВМРО ДПМНЕ, да ги истакне неговите аргументи по однос на изборните резултати.

    Темата на прес-конференцијата во Клубот на новинари во Скопје, според најавата, се идните активности на РШ за реформи на ВМРО-ДПМНЕ во постизборниот период.

    На првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по затворање на гласачките места, членот на ИК Никола Србов кажа дека изборниот ден поминал со многу нерегуларности, за кои што изготвиле извештаи и ги информирале меѓународните претставници. Резултати воопшто не кажа со објаснување дека сè уште се обработуваат податоците.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира