РЕФОРМИ ВО МЕДИУМИТЕ ДУРИ ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:73:"СДСМќепредложиглавенуредникнаМРТВ";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕФОРМИ ВО МЕДИУМИТЕ ДУРИ ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ

    Партиите потписнички на Договорот од Пржино не успеаја да се договорат околу реформи во медиумите. Тие ќе треба да се прават шест месеци после изборите, според препораките од извештајот од Прибе.

    За изборите кои, ако се биде во ред до 31 август, ќе се одржат на 11 декември оваа година, партиите се договориле за некакво ад хок тело кое ќе ги мониторира медиумите и ќе ја следи нивната усогласеност со одредбите на Изборниот законик.

    Агенцијата за медиуми треба да ги следи препораките на новоформираното тело и на 100 дена пред изборите ќе треба да иницира постапки според закон, со тоа што сите парични казни во Законот за медиуми и Изборниот законик кои се однесуваат на медиумите ќе се намалат за 50 проценти.

    СДСМ како најголемата опозициска партија ќе го номинира главниот уредник на јавниот радиодифузен сервис (МРТВ), кој треба да биде експерт и да биде во согласност со другите партии. Под услов и власта и опозицијата да потврдат дека има услови за фер избори, новиот главен уредник треба да стапи на функција 100 дена пред изборите.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари