РЕГИСТРИРАНИ 126 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.152 ТЕСТОВИ, ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА НЕМА ПОЧИНАТИ

    РЕГИСТРИРАНИ 126 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.152 ТЕСТОВИ, ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА НЕМА ПОЧИНАТИБројот на активни случаи изнесува 1.004 (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа се потврдени 126 нови случаи на коронавирус, при што биле направени 2.152 тестови. Речиси половина од новите случаи се во Скопје – 55, па следуваат Битола – 23, Велес – 9, Кавадарци – 6, Прилеп – 5, Гостивар – 4, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 3, Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен – по 2 и Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1. Меѓу нив има и 19 реинфекции.

    Од Министерството за здравство кажаа дека нема починати од ковид-19 во последните 24 часа.

    Регистрирани сe и 152 оздравени пациенти, од кои најмногу во Скопје – 86, пред Битола – 24, Прилеп – 9, Велес, Кавадарци и Кичево – по 5, Куманово – 4, Кочани и Демир Капија – по 3, Струмица и Ресен – по 2 и Гостивар, Гевгелија, Штип и Крива Паланка – по 1.

    Од почетокот на пандемијата, во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања, од кои 308.516 биле позитивни на ковид-19. Оздравеле 298.251 лице, а починале 9.261. Бројот на активни случаи изнесува 1.004.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира