РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКАТА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕМА ВРСКА СО ОШТЕТУВАЊАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКАТА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕМА ВРСКА СО ОШТЕТУВАЊАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

    Селењето на Детското одделение од поранешната Градска болница во Скопје не е поради оштетувањата од земјотресот од неделата, туку поради планирана реконструкција, велат од Специјалната хируршка болница „Св.Наум Охридски“ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Д-р Никола Груев од Градската болница, вели дека детското одделение е префрлено на другите оддели, бидејќи вчера почнале со подготвителните работи за целосна реконструкција на болницата. Тој објасни дека реконструкцијата ќе се одвива во неколку фази.

    „Префрлањето на детското одделение не е поврзано со земјотресот, туку тоа се подготвителни работи за веќе планираната реконструкција. Планирана е целосна обнова на болницата која опфаќа обнова на операционите сали, доградба на лифт, подобрување на собите по одделите. Засега не престануваме со работа. Но, во зависност од фазата на реконструкцијата, кога ќе дојдат на ред операционите сали, ќе запре работата, а ќе продолжиме по нивното повторно отворање“, рече д-р Груев.

    Земјотресот од неделата остави испукани ѕидови и прозори и паднати плочки во болницата. Екипа на ИЗИИС уште во понеделникот направила увид на оштетувањата и утврдила дека штетата не е сериозна и нема да пречи во нормалното функционирање на болницата, потврдија од болницата за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Според проектот реконструкцијата на болницата треба да заврши до април следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира