Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на КОВИД-19, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Ова е најголема бројка на дневно регистрирани позитивни лица на коронавирус, од почетокот на епидемијата во земјава. Досега највисока бројка имаше на 16 април, 107 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
Статистиката на новозаболени по градови е :
– Скопје 67
– Куманово 19
– Штип 16
– Прилеп 4
– Тетово 9
– Велес 2
– Гостивар 1
– Неготино 1
– Струмица 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 8
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 1.
Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава досега се 2.611, оздравени пациенти се 1.621, починати се 147, а активни случаи се 843.