РЕМЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ Е БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК И БАРА ОД ДИРЕКТОРОТ НА УБК ДА МУ ГО ОДЗЕМЕ СЕРТИФИКАТОТ СО КОЈ ГИ ГЛЕДА ДОКАЗИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ПРОТИВ СЕБЕ

    РЕМЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ Е БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК И БАРА ОД ДИРЕКТОРОТ НА УБК ДА МУ ГО ОДЗЕМЕ СЕРТИФИКАТОТ СО КОЈ ГИ ГЛЕДА ДОКАЗИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ПРОТИВ СЕБЕДали имателот на безбедносен сертификат за државна тајна Трајко Вељаноски може да гледа строго класифицирани документи и материјали токму од тие кои најдоа докази за организаторите и насилниците на 27 април 2017, а со кои тој е обвинет?, го праша директорот на УБК потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски на затворената седница на Комисијата за надзор на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање (Фото: К. Попов)

    Потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски на денешната затворена седница на Комисијата за надзор на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, каде членува и еден од осомничените организатори на нападот на Собранието на 27 април 2017, го прашала директорот на УБК Горан Николовски дали смета дека Вељаноски и натаму треба да е имател на безбедносниот сертификат и да може да ги гледа тајните документи на овие разузнавачки служби, од кои дел се на некој начин и докази против него и тој може да ги злоупотреби.

    „Дали имателот на безбедносен сертификат за државна тајна Трајко Вељаноски може да гледа строго класифицирани документи и материјали токму од тие кои најдоа докази за организаторите и насилниците на 27 април 2017, а со кои тој е обвинет? Ова прашање му беше поставено денес на директорот на УБК. Дали тој не чувствува потреба да го преиспита безбедносниот сертификат што му го има дадено”, кажа Ременски.

    „Го повикувам Вељаноски од морални и правни причини да си даде оставка од Комисијата за надзор на УБК и АР да си поднесе оставка, зашто го прави потенцијален безбедносен ризик за користење на овие строго доверливи документи“, рече потпретседателката на Собранието.

    Таа праша и дали е етички и правно издржано што како претседател на оваа Комисија, Вељаноски ќе одредува два пратеника кои ќе ја следат селекцијата на кадрите од УБК за во Агенцијата за национална безбедност?

    Пред неа портпаролот на СДСМ, пратеникот Костадин Костадинов побара, оставка од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски предмети, да покажат, како што рече, грам морал и да си поднесат оставка на функциите, како што направи денеска Павле Богоевски за кого нема ни кривична пријава, ни обвинение.

    „Дали ќе продолжат да го бранат криминалот на избеганиот Никола Груевски или ќе гласаат да му биде одземен пратеничкиот мандат?“, ги повика Костадинов колегите од ВМРО-ДПМНЕ да почнат заедно да градат политика на висок морал и тоа да почне од Парламентот.

    Претходно, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски рече дека Богоевски покажува лажен морал и оти треба да одговара за тоа што го признал, оти нарачувал по нелегален пат масло од канабис за болките на близок член од семејството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира