РЕНОВИРАНАТА АМБУЛАНТА НА ХЕМАТОЛОГИЈА ПОЧНА СО РАБОТА

    РЕНОВИРАНАТА АМБУЛАНТА НА ХЕМАТОЛОГИЈА ПОЧНА СО РАБОТАДиректорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис вели дека реновирањето ја чинело клиниката околу 4 милиони денари.

    Клиниката за хематологија по два месеци пауза денес за пациенти ја отвори амбулантата, или специјалистичко-консултативниот оддел кој е целосно реновиран. Амбулантата на хематологија е сместена во барака изградена во 60-тите години, а со реновирањето кое траеше два месеци комплетно се сменети кровот, водоводната и електричната инсталација и внатрешно е уредена со нов мебел.

    Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис вели дека реновирањето ја чинело клиниката околу 4 милиони денари.

    „Амбулантата буквално се распаѓаше, бидејќи откако е изградена бараката, која е шведска донација, воопшто не беше обновена. Сега имаме подобри услови и за работа и за пациентите, каде освен врвна медицинска услуга ќе имаат чувство за достоинство и удобност“, вели Пановска Ставридис.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира