РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОМА ЌЕ СЕ УПОТРЕБУВА ПО ОТВОРАЊЕ НА СЕКОЕ ПОГЛАВЈЕ ОД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОМА ЌЕ СЕ УПОТРЕБУВА ПО ОТВОРАЊЕ НА СЕКОЕ ПОГЛАВЈЕ ОД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ„Пример отвараме поглавје за образование не подоцна од пет години. При тоа нашите дипломи од нашите универзитети мора да бидат променети со новото име. Дел од промените внатрешно не може да бидат опфатени со поглавја“, кажа премиерот Зоран Заев (фото: М.Златевска)

    Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на поглавјата за преговори за членство во ЕУ, но не подоцна од пет години од потпишување на договорот.

    Ова денес го кажа премиерот Зоран Заев, на прес конференцијата на која соопшти дека заедно со премиерот на Грција Алексис Ципрас постигнале историско решение за 25-годишниот спор со Грција.

    „Договорот станува валиден кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. Тоа значи по нашиот референдум, по уставните промени, кои ќе следат по евентуален успешен референдум, во кој што јас сум сигурно убеден, договорот се ратификува во парламентот во Грција. При тоа ќе се ратификува и договорот за името, но и протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО. Оттогаш почнува меѓународната употреба на новото име“, рече Заев.

    Тој рече дека очекува на 28 јуни годинава земјава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, а на 12 јули на самитот на НАТО да добие покана за членство во алијансата како нејзина 30-та членка.

    На внатрешен план, како што кажа Заев, новото име ќе се употребува со отворање на секое поглавје за членство во ЕУ, не подоцна од пет години.

    „На пример отвараме поглавје за образование, не подоцна од пет години. При тоа нашите дипломи од нашите универзитети мора да бидат променети со новото име. Дел од промените внатрешно не може да бидат опфатени со поглавја. Тоа значи дека на меѓународен план се употребува со полноправното членство во НАТО, а дома со отворање во поглавјата за членство во ЕУ. Ова значи дека и двете земји се мотивирани што побрзо да се отвораат поглавјата за преговори и Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира