РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СТАПИ ВО СИЛА, ПРВО СООПШТЕНИЕ НА ВЛАДАТА СО НОВОТО ИМЕ

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СТАПИ ВО СИЛА, ПРВО СООПШТЕНИЕ НА ВЛАДАТА СО НОВОТО ИМЕПремиерот Зоран Заев држи говор пред Владата на денешната церемонија на кревање на знамето на НАТО. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата на Република Северна Македонија соопшти дека од денес, 12 февруари 2019 година, стапува во сила новото име на земјата – Република Северна Македонија, согласно Договорот од Преспа.

    Официјалната веб страна на Владата со новото име Република Северна Македонија во текот на вечерта беше тешко достапна поради голем сообраќај. (Фото: Принтскрин од сајтот на Владата)

    Од Владата во соопштението, прво со новото име, велат дека е исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година.

    „Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник“, се вели во соопштението.

    Со тоа, велат од Владата, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Уставните амандмани. Првичните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на горенаведените обврски ќе бидат презентирани во соопштение за јавноста кое ќе го објави Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Договорот од Преспа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари