РУСИЈА ЗАБРАНИ УВОЗ НА ГОВЕДСКО МЕСО ОД МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    РУСИЈА ЗАБРАНИ УВОЗ НА ГОВЕДСКО МЕСО ОД МАКЕДОНИЈА

    Руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола вчера воведе привремено ограничување на увозот на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија. Одлуката е донесена поради регистрирањето на епидемија на јазлеста кожа кај стоката во Македонија.

    Забраната се однесува и на увоз на производи од говедско месо, како и од други животни што се подложни на болеста јазлеста кожа, а особено на производи што не се обработени на соодветен начин. Со одлуката за забрана на увоз се опфатени производите од необработена говедска кожа, како и продукти со говедски генетски материјали.

    Истовремено, Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Русија привремено го ограничи и транспортот на говеда и на друга стока подложна на јазлеста кожа преку територијата на Русија. Руската Федерација воведе исти такви забрани и за крупна стока и за месни производи од Црна Гора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари