РУСКОВСКА БАРА НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЈАНЕВА

    РУСКОВСКА БАРА НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ЈАНЕВАЈанева беше уапсена на 21 август како осомничена во случајот „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска до Основниот суд Скопје 1 испратила барање за продолжување на притворот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за нови 30 дена.

    Јанева беше уапсена на 21 август и истиот ден доби 30 дена притвор како осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира