САД ја поздравува дискусијата за ревидираниот француски предлог за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, вели американската амбасадорка Кејт Брнз.
„САД ја поздравува дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за почеток на пристапните преговори, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Ние долго ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат кој води напред“, напиша Брнз на Твитер.
Вчера, претседателот Стево Пендаровски свика седница на Советот за безбедност за францускиот предлог, а средба имаа и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.