САД ЈА ПОЗДРАВУВА ПОСВЕТЕНОСТА НА НОВАТА ВЛАДА КОН ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ, ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА

    САД ЈА ПОЗДРАВУВА ПОСВЕТЕНОСТА НА НОВАТА ВЛАДА КОН ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ, ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКАСАД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија за спроведување на реформите што се потребни за да го обезбеди своето место во евроатлантското семејство на нации“, стои во честитката по повод Денот на независноста што ја испрати државниот секретар Рекс Тилерсон - Заев се поздравува со луѓето дојдени на прославата на 8 Септември во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Соединетите Американски Држави силно ги поздравија чекорите што ги презема новата македонска влада за да ја покаже својата посветеност на демократските принципи, почитувањето на владеењето на правото и регионалната соработка, соопшти Стејт департментот пренесувајќи ја честитката што до Владата на Зоран Заев ја испрати американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

    Во честитката испратена во име на американската влада, по повод Денот на независноста 8 Септември се вели дека „САД се горди што се пријатели и стратешки партнер на Македонија“ и што веќе 26 години работат заедно „за поддршка на аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО“.

    „Силно ги  поздравуваме чекорите што ги презеде новата влада за да ја покаже својата посветеност на демократските принципи, почитувањето на владеењето на правото и регионалната соработка. САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија за спроведување на реформите што се потребни за да го обезбеди своето место во евроатлантското семејство на нации“, стои во честитката по повод Денот на независноста што ја испрати државниот секретар Рекс Тилерсон.

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари