САЈТОТ НА ДИК НЕ РАБОТИ ОД ПОНЕДЕЛНИКОТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ

    САЈТОТ НА ДИК НЕ РАБОТИ ОД ПОНЕДЕЛНИКОТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМСпоред најавите што добиле, од ДИК очекуваат сајтот да биде готов денеска. (Фото: принтскрин/ДИК)

    Сајтот на Државната изборна комисија не работи од понеделникот, 8 април 2019 година. На него пишува дека сајтот во моментот се реконструира и ќе биде готов за ден и пол.

    Сите информации во врска со почнатата изборна кампања за претседателските избори новинарите ги добиваат лично од одговорните за односи со јавност во ДИК Љупка Гугучевска, која соопштенијата ги праќа од личниот мејл и од Адмир Шабани. ДИК дел од активностите ги објавува и на социјалните мрежи и овие се засега е единствените начини на кои граѓаните може да добијат некаква информација од Комисијата.

    „Моментално се завршува корекцијата на техничкиот проблем кој настана во понеделникот, односно се завршува надградбата на системот која беше неминовна поради техничкиот проблем. Според најавите што ги добивме, сајтот на Државната изборна комисија ќе биде готов денеска“, ни изјави советникот Шабани.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира