САМИ ИЗБРАВМЕ ВАКОВ ЖИВОТ, РЕКЛЕ СЕСТРИТЕ И МАЈКАТА КОИ ЖИВЕАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА ВО СТАН ВО БИТОЛА

    САМИ ИЗБРАВМЕ ВАКОВ ЖИВОТ, РЕКЛЕ СЕСТРИТЕ И МАЈКАТА КОИ ЖИВЕАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА ВО СТАН ВО БИТОЛАЗградата на улицата „Димче Лахчански“ во Битола, каде што во изолација живеат двете сестри и мајката. (Фото: СДК.МК)

    Сами избравме ваков начин на живот, им рекле на социјалните служби двете сестри и мајката кои 13 години живеат во изолација во стан на улицата Димче Лахчански во Битола. Бидејќи жените не ги пуштиле службите во станот, разговорот се одвивал преку вратата. Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК го изјави директорот на Центрот за социјални работи Тони Деспотовски.

    „Во моментов сите институции кои се засегнати од случајот се активирани. Не ни отворија да влеземе во станот, но разговарано е со нив преку вратата. Сите три се живи, контактибилни, свесни, ги знааат своите права и кажаа дека сами избрале ваков начин на живот. Сепак, им беше кажано дека институциите им стојат 24 часа на располагање за било каква помош“, ни изјави Деспотовски.

    Тој рече дека во станот не можат да влезат насилно зашто жените не пријавиле насилство.
    Телевизија „Телма“ денес ја објави приказната за двете возрасни сестри од Битола, повикувајќи се на изјави од соседи. Тие велат дека живеат со скромна пензија, исклучена струја, во лоши хигиенски услови, често пати гладни и жедни, а од станот често пати се слушаат лелеци и плач.

    Пред две години соседите по силните врискотници и лелекање на двете сестри повикале итна помош, полицијата ја обила вратата од станот по што сестрите, како што известува „Телма“, биле целосно деформирани во надворешниот изглед и со нарушено здравје. Биле однесени и задржани во болница на лекување. Соседите изразија загриженост што се случува со едната сестра, зашто во последно време го слушале гласот само на другата сестра.

    Инаку мајката е седумдесетгодишна, а нејзините ќерки имаат по 35 и 36 години и се со високо образование. Центарот за социјални работи за случајот бил известен уште пред три години од соседите кога со полициска асистенција било влезено во станот и трите жени биле однесени на болница. При прегледите било констатирано дека немало знаци на насилство и психотичност.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари