САМО 8 ОТСТО ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМААТ ДОВЕРБА ВО СУДСТВОТО, ИМ КАЖА АМБАСАДОРКАТА БРНЗ НА СУДИИТЕ

    САМО 8 ОТСТО ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМААТ ДОВЕРБА ВО СУДСТВОТО, ИМ КАЖА АМБАСАДОРКАТА БРНЗ НА СУДИИТЕ„Не е тајна дека јавноста не верува во судството“, кажа Брнз. (Фото: СДК.МК)

    Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз денеска на конференција пред судиите кажа македонските граѓани немаат доверба во судството. Таа се повика на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството и за да се врати довербата потребно е граѓаните да видат дека системот функционира.

    „Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на ‘Еуротинк’ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија“, рече денеска Брнз, на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во Скопје.

    Таа додаде дека за да ја заслужи почитта од своите граѓани, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите.

    „Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата’, вели Брнз.

    Амбасадорката се осврна и на руската инвазија на Украина.

    „Додека ние сме среќни да бидеме тука заедно, не можеме да игнорираме дека Украинците храбро ги бранат своите граѓани, сувереноста и демократијата против руската брутална агресија. Како што кажа претседателот Бајден, ‘демократиите реагираа добро, и светот јасно ја избра страната на мирот и безбедноста’. И затоа САД ве поддржува тука денеска – да промовираме мир, безбедност и стабилност“, кажа Брнз.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира