САМО ДИМИТРИЕВ ДОЈДЕ ВО СЈО, ГРУЕВСКИ, ПРОТОЃЕР И ДИМОВСКИ НЕ ГИ НАШЛЕ

    САМО ДИМИТРИЕВ ДОЈДЕ ВО СЈО, ГРУЕВСКИ, ПРОТОЃЕР И ДИМОВСКИ НЕ ГИ НАШЛЕЕкспремиерот Емил Димитрев се задржа половина час во СЈО. (Фото: СДК.МК)

    Денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беше бившиот премиер Емил Димитриев за случајот „Талир“ на СЈО, во кој лидерот Никола Груевски и 10-мина други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени за перење пари и за незаконско финансирање на партијата. За денеска на распит биле повикани повеќемина од осомничените за перење на околу 5 милиони евра во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека била на власт, но осомничените Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Илија Димовски и Леко Ристовски не дојдоа, бидејќи не примиле покана. Нивните покани за распит биле вратени назад во СЈО како неуредно доставени.

    Димитриев се задржа во СЈО половина час.
    „Денеска бев овде повикан во својство на осомничен. Побарав да ми биде даден увид во доказите и кога ќе ги добијам и разгледам, тогаш би можел нешто да кажам. Во овој момент ја оставам постапката да си тече и толку имам да кажам“, изјави Димитриев.

    Во случајот „Талир“ осомничени се 11 високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и лидерот на партијата. Тие се товарат за перење пари и за незаконско финансирање на партијата.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира