И САМО ЕДНО ДЕТЕ ДА ТРЕБА ДА БИДЕ ЗГРИЖЕНО ВО ВТОРА СМЕНА, ГРАДИНКАТА Е ДОЛЖНА ТОА ДА ГО ОРГАНИЗИРА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА

    И САМО ЕДНО ДЕТЕ ДА ТРЕБА ДА БИДЕ ЗГРИЖЕНО ВО ВТОРА СМЕНА, ГРАДИНКАТА Е ДОЛЖНА ТОА ДА ГО ОРГАНИЗИРА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛАМинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска на вчерашната средба со директорите на градинките која што се одржа во просториите на „Даре Џамбаз“.

    Воведувањето на втора смена во градинките не зависи од бројот на позитивно изјаснети родители, што значи дека доколку и само едно дете треба да биде згрижено во втора смена, установата е должна тоа да го организира, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    „Во оние јавни установи за деца, каде што ќе се утврди дека нема потреба од воведување на втора смена, ќе продолжат да работат како и досега. Но, воведувањето на втора смена не зависи од бројот на позитивно изјаснети родители, што значи дека доколку и само едно дете треба да биде згрижено во втора смена, установата е должна тоа да го организира. Директор(к)ите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и согласно истата, како и според потребите на родителите да го организираат работењето на установата“, соопшти министерството.

    Двосменкото работење на градинките, како и на уште неколку државни институции треба да почне утре во согласност со Одлуката на Владата за распоред на работното време во државните институции. Одлуката на Владата за двосменско работење на градинките нема да се спроведува во Општина Карпош. Градоначалникот Стевчо Јакимовски кажа дека ја поддржува идејата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за двосменско работење на градинките, но не може да ја спроведе, бидејќи, како што вели тој, немало доволен број вработени, ниту пак пари за греење и струја во втора смена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира