САМО ГРУЕВСКИ ИМАЛ 86 СОВЕТНИЦИ, ОБЈАВИ МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ

    САМО ГРУЕВСКИ ИМАЛ 86 СОВЕТНИЦИ, ОБЈАВИ МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИМинистерот Дајан Манчевски на промоција на странска инвестиција во ИТ-секторот на 24 јули. (Фото: МИА)

    Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кажа дека поранешниот премиер Никола Груевски имал 86 советници на денешната прес-конференција за вработувањата на новата Влада. Манчевски вели дека досега во новата Влада се вработени вкупно 96 лица во сите институции заедно, а од нив 32-ца се советници во кабинетите на министрите и за сите нив бил распишан оглас.

    „Од 01.06.2017 година до денес од страна на новата Влада се вработени вкупно 96 лица. Ова е збирна бројка за сите институции заедно. Од нив: 32 лица се посебни кабинетски советници на министрите. Согласно законот секој министер има право на по 3 надворешни посебни кабинетски советници. За сите овие лица кои до сега се ангажирани беа објавени огласи. Не само што се е согласно закон, туку сите министри го немаат до крај искористено она што според законот им е дозволено. Колку за споредба, само поранешниот премиер Никола Груевски имал 86 советници. Премиерот Зоран Заев денес има 3 советници“, изјави Манчевски.

    Тој кажа и дека единиците на локалната самоуправа, кои, како што кажа министерот, најголем дел се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, од формирањето на новата влада до денес, вработиле над 300 лица.
    Според наодите на анализата на неговото министерство, Манчевски рече дека и покрај забраната за вработувања во периодот од донесување на одлуката за распишувањето на изборите на 17 октомври 2016, до денот на формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година, ангажирани биле вкупно 7.708 лица, од кои само на денот на распишување на изборите, биле ангажирани 4.473 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира