Судијата Огнен Ставрев, по консултација со советот на судија и поротници со кој претседава, одлучи осудениот Сашо Мијалков на 3 години затвор, од куќен притвор да биде спроведен во ефективен притвор во затворот во Шутка на барање на обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, поради опасност од бегство.
Истата мерка притвор судот му ја одреди и на Бедредин Ибраими, осуден во „Титаник 2“ на 4 години и шест месеци затвор.
- САШО МИЈАЛКОВ ОСУДЕН НА 3 ГОДИНИ ЗАТВОР, ТАЧИ НА 3 ГОДИНИ И 2 МЕСЕЦА, ВО „ТИТАНИК 2“
- СЈО БАРА ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ ОТИ ВРХОВЕН СУД ЌЕ ГО ОСЛОБОДИ ОД КУЌЕН ПРИТВОР
- СТИЛОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ НЕ Е БЕГАЊЕТО, КАЖА МИЈАЛКОВ ПО ИЗРЕКУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА
Останатите осудени, Мендух Тачи на 3 години и два месеца, и Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски имаат обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд, во спротивно ќе се активира мерка притвор и за нив. Пасошите им остануваат, тие нема да им бидат одземени.
Судската полиција ја извади јавноста надвор. Се очекува затворската полиција од Шутка, од судницата во Основниот суд Скопје 1, директно да ги однесе во затворот.
Ставрев напомена дека жалбите против изречените мерки, не го одлагаат нивното извршување.
С. К. ДЕЛЕВСКА