Здравко Савески и Владимир Куновски од „Левица“ и официјално се на слобода. Тие попладнево го добиле писменото решение за укинување на куќниот притвор.
Одлуката за ослободување од куќниот притвор судот, на барање на барнителите, ја донесе во петокот. Од таму објаснија дека денес истекол рокот за жалби по одлуката и таа станала правосилна.
Здравко Савески и Владимир Куновски се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.
„По 50 дена поминати во куќен притвор и по 4 дена поминати во чекање одлуката за укинување на куќниот притвор да стане правосилна – конечно можеме да излеземе од дома. Судењето продолжува, правдата не е задоволена, од борбата не се откажуваме – до конечната ПОБЕДА!!!“, напиша на Фејсбук Здравко Савески.
По укинувањето на притворот на Савески и на Куновски во петокот им беа одземени пасошите, но за да можат да излезат од дома тие го чекаа писменото решение од судот. Судењето ќе продолжи на 6.јули.