СДСМ СО АМАНДМАНИ ТРОЈНО ЌЕ ГИ НАМАЛИ КАЗНИТЕ ОД 5.000 ЕВРА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

    СДСМ СО АМАНДМАНИ ТРОЈНО ЌЕ ГИ НАМАЛИ КАЗНИТЕ ОД 5.000 ЕВРА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИСпоред координаторот на СДСМ, за амандманите добиле поддршка и од пратеницте на ДУИ.Томислав Тунтев (Фото: СДК.МК)

    До собраниската Комисија за европски прашања поднесени се 90 амандмани за Предлог-законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 84, СДСМ – 4, Движењето Беса – 2. ДУИ не поднесе амандмани.

    СДСМ поднесе амандмани со кои што се подобрува позицијата на помалите етнички заедници спомнати во Уставот, и како што рече Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе се овозможи остварување одредени права и за нив.

    Амандманот се однесува за членот во кој што освен албанскиот јазик, се предлага да се набројат и јазиците на етничките заедници кои што се наведени во Уставот.

    Владејачката СДСМ со амандмани ќе бара да се намалат и казните од 5 илјади ева на една до две илјади евра за непочитување на примената на законот за употеба на јазиците.

    „Според нашиот предлог, казните од 4.000 до 5.000 евра се намалуваат на 1.000 до 2.000 евра. Со амандман ќе бараме допрецизирање на законите при водење на собраниските седници и на седниите на Владата“, рече Тунтев.

    Според Тунтев, за амандманите добиле поддршка и од пратеницте на ДУИ.

    „Владата нè информира дека постои заклучок и општа согласност министерството за правда преку министерството за надворешни работи да побара мислење од Венецијанската комисија за целиот законот по неговото усвојување, како и за отворените прашања кои не се дел од овој закон, а веќе се доставени до нив“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Тунтев.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира