Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков на вечерашната собраниска расправа за предложениот Закон за Јавно обвинителство кажа дека СДСМ имал намера во Македонија да насели еден милион Африканци. Тој кажа дека сака да ја предупреди јавноста за оваа идеја на власта која планира да ја реализира како проект до 2030 година.
„Укажувавме за идејата да се обезличи македонскиот народ и македонската држава. Сè што говоревме излезе вистина. Сакам да споделам една информација, да ви кажам ексклузивно дека СДСМ сака да донесе еден милион Африканци во Македонија. Ова како проект го имаат и Македонија тогаш ќе се вика Македонија Етиопија. Тоа е договорено до 2030 година да се направи. Се смеевме и тогаш, но сè што зборувавме излезе вистина за жал. Сакам да ја предупредам македонската јавност и за ова да остане трага“, рече пратеникот Димков.
Расправата за Законот за ЈО е во тек, зборува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, а пријавени за збор се уште 11-мина пратеници.
А. АНТЕВСКА