СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА УШТЕ ВО ДЕСЕТ ОПШТИНИ

    СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА УШТЕ ВО ДЕСЕТ ОПШТИНИОд прославата по првиот изборен круг (Фото: Ѓ. Личовски)

    СДСМ прогласи победа во уште десет општини, откако пристигнаа првите резултати од вториот круг на локалните избори.

    Како што изјави портпаролката на изборниот штаб на партијата, Ивана Туфекџиќ, СДСМ има извесна победа во Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и во Штип.

    „Граѓаните повторно ни ја дадоа довербата“, кратко изјави Туфекџиќ на првото обраќање на СДСМ по завршувањето на вториот круг на изборите, додавајќи дека се чекаат резултатите од преостанатите општини.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира