СДСМ СЛАВИ СО „ЦЕНТАР НЕ Е ПУСТЕЦ“ ПРЕД ПАЛАТАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ СЛАВИ СО „ЦЕНТАР НЕ Е ПУСТЕЦ“ ПРЕД ПАЛАТАТА НА ВМРО-ДПМНЕ„Центар не е Пустец, ооо, оо“, им пееја сдсмовците на вмровските симпатизери од нивниот прозорец во зградата спроти белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, која е во ист двор со штабот на СДСМ-Центар. (Фото: СДК.МК)

    Со запалени факели, СДСМ-Центар почна да слави победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски против Гордана Силјановска-Давкова. „Центар не е Пустец, ооо, оо“, им пееја тие на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ од нивниот прозорец во зградата спроти белата раскошна палата на ВМРО-ДПМНЕ, што ја изгради поранешниот лидер кој е во бегство од затворска казна, а е во ист двор со штабот на СДСМ-Центар.

    Кога од СДСМ-Центар запејаа „Шутка не ти бега, Николааа“, малкутемина симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ што дојдоа вечерва во палатата, им одговорија зајадливо: „Будимпешта е Николааа“. (Фото: СДК.МК)

    Кога запејаа „Шутка не ти бега, Николааа“, малкутемина симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ што дојдоа вечерва во палатата, им одговорија зајадливо: „Будимпешта е Николааа“.

    Претходно си разменија пцости и вулгарности и се нахранија едни со други со фекалии.

    Во моментов, иако нема луѓе во ВМРО-ДПМНЕ, тие како одговор на песните на комшиите од СДСМ ја пуштија на најјако партиската химна „ВМРО, ти си наша судбина“. Во СДСМ-Центар немаат толку силно озвучување па замолчеа.

    Додека траеше прес-конференцијата на Костадин Костадинов во дворот на партиското седиште на СДСМ со зурли и тапани почна да се слави победата на Пендаровски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира