СДСМ ЗАСТАНА ЗАД СИТЕ ПРЕДЛОЗИ НА МАНДАТАРОТ КОВАЧЕВСКИ, ТОЈ КАЖА ДЕКА СПАСОВСКИ, МАРИЧИЌ И НИКОЛОВСКИ ПРОДОЛЖУВААТ ВО НОВАТА ВЛАДА

    СДСМ ЗАСТАНА ЗАД СИТЕ ПРЕДЛОЗИ НА МАНДАТАРОТ КОВАЧЕВСКИ, ТОЈ КАЖА ДЕКА СПАСОВСКИ, МАРИЧИЌ И НИКОЛОВСКИ ПРОДОЛЖУВААТ ВО НОВАТА ВЛАДАКовачевски новите министри од СДСМ ги претстави како чесни и посветени луѓе со успешни кариери, се очекува предлогот за нова влада да го поднесе до Собранието утре (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Централниот комитет на владејачкиот СДСМ од чии редови е новиот мандатар за влада Димитар Ковачевски, вечерва ги прифати неговите предлози од СДСМ за новиот кабинет, по што тој ги соопшти имињата и ресорите кои ќе ги води партијата.

    На чело на Министерството за одбрана ќе застане Славјанка Петровска, а министер за внатрешни останува Оливер Спасовски.

    За нов министер за правда Ковачевски рече дека го предлага професорот по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Никола Тупанчевски.  Досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ станува вицепремиер за евроинтеграции.

    Фатмир Битиќи останува вицепремиер за економски прашања. Нов министер за образование ќе биде Јетон Шаќири, досегашниот министер за информатичко општество и администрација.

    Поранешната пратеничка од СДСМ Славица Грковска доаѓа на вицепремиерското место за борба против корупција, на местото на Љупчо Николовски, кој се враќа на чело на Министерството за земјоделие, откај што го дозна јавноста преку работата.

    Актуелната пратеничка Бисера Костадиновска-Стојчевска од Битола е предложена за нова министерка за култура. Благој Бочварски останува министер за транспорт и врски.

    Уште три нови имиња влегуваат во Владата, а тоа се на местата на Алтернатива. За здравство ќе биде Беким Сали, за информатичко општество  Адмирин Алити и Џемаил Чупи без ресор, за дијаспората.

    ДУИ ги задржува министрите.

    Ковачевски утре ќе го поднесе предлогот за нова влада до Собранието, по што се очекува претседателот Талат Џафери да закаже седница за нејзино гласање.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира